Утрово во Тетово на улицата „Маршал Тито“, пред угостителски објект, 26-годишен тетовец (С.Ј.) со автомобилот удри во три лица на возраст од 18 години, со кои претходно се расправал.

Од МВР информираат дека тројцата биле пренесени во Клиничката болница Тетово, каде им биле констатирани телесни повреди.

Околу еден час подоцна, С.Ј. и сопатничката А.М.(23) од Тетово биле пронајдени и приведени од полициските службеници.

При приведувањето, 23-годишната девојка, која била под дејство на алкохол, нападнала полициски службеник. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.