СВР Тетово поднесе кривична пријава против 23 годишен жител на тетовското село Шипковица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Како што соопшти МВР, во текот на јули 2019 пријавениот, на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, од негови профили објавил заеднички компромитирачки фотографии со девојка од тетовско село, со која претходно бил во љубовна врска.