Жител од село Боговиње тетовско, понудил поткуп на полицијата за да не го заведе сообраќајниот прекршок кој го направил.

Имено денеска во 00.50 часот во с.Соколари, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Н.Х.(59) од с.Боговиње, тетовско.

Полицијата го запрела Н.Х. со неговото возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки и откако констатирале дека направил сообраќаен прекршок изготвиле записник и прекршочен платен налог, по што тој им понудил поткуп за да не го констатираат прекршокот.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.