Маж бил физички нападнат од четири засега непознати лица по претходна расправија што се случила ноќеска пред угостителски објект на булеварот „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил ноќеска во 02,10 часот, а во Секторот за внатрешни работи Скопје го пријавил И.Ц.(47), веднаш откако бил нападнат.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.