Вчера, во 18.30 часот, пред угостителски објект на булеварот Ослободување во Кичево, било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физички напад извршен од Х. К. (56) и Л. К. (23) врз Л. Х. (20) од Кичево. Во обид да го спречи нападот физички бил нападнат и Б. Х. (22) од кичевското село Боговиње. По целосно расветлување на случајот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.