Браќа близнаци поради недорабирање во сообраќајот во село Мирковци физички нападнале возач на товарно возило. Случајот во полиција вчера го пријавила медицинска сестра од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, откако лицето кое управивале со товарното возило Н.Ц. побарало лекарска помош поради здобиени повреди од физички напад.

Според пријавеното, околу 1 часот во близина на угостителски објект во село Мирковци меѓу Н.Ц., кој управувал товарно возило „мерцедес вито“ и Д.Н., кој управувал патничко возило „бмв“, а во кое бил и неговиот брат близнак Д.Н., настанало расправија поради недоразбирање во сообраќајот. После тоа од возилото излегло едно од лицата и со тврд предмет удирал по возилото „мерцедес вито“, а потоа неколку пати го удрил Н.Ц. во пределот на главата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.