На Клиниката за кардиологија при комплекс клиники „Мајка Тереза“ вчера околу 8.20 часот две медицински сестри физички се пресметале поради претходно меѓусебно недоразбирање.

Од МВР информираат дека во Клиниката за кардиологија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу М.Т.(47) и Д.Р.(41) и двете од Скопје, вработени како медицински сестри.

По преземени мерки против лицата е поднесен соодветен поднесок.