Деветнаесетгодишен жител на скопското село Никиштане пријавил во полиција дека доцна синоќа кај место викано „Чаирчанка“ на улица „Цветан Димов“, поради нерасчистени должничко доверителни односи и претходна расправија, пријавителот и Љ.Е, Р.С. и А.А. биле физички нападнати од Б.Ј, Е.Н и уште едно непознато лице, кои што во нападот употребиле нож, секира и копач.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.