Физичка пресметка се случила синоќа во угостителски објект во Кавадарци, се расчистува случајот, потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Во 23 часот било пријавено дека во угостителски објект во Кавадарци дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу М. П. (43) од Крива Паланка, И. Ѓ. (43) од Кавадарци и А.М. (20) од светиниколското село Лозово од една страна и Л.Т. (34) од кавадаречкото село Бегниште од друга страна.

Во физичката пресметка биле употребени и различни предмети, рече Додевски. Се работи на расчистување на случајот.