Непознато лице се јавило во телевизија Сител, при што кажало дека во студиото има подметната бомба, вечерва околу 21 часот, неофицијално дознава „Нова Македонија“.

Екипи од МВР излегле на терен во Градскиот парк во Скопје, за да ја испитаат веродостојноста на заканата, која се испоставило дека е лажна, според непотврдени информации.