Четиринаесетгодишен скопјанец синоќа бил физички нападнат во паркот во населбата Ѓорче Петров од страна на повозрасен маж.

Причината за нападот, според пријавеното, било недоразбирање, кое настанало помеѓу малолетникот и синот на напаѓачот.

Момчето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде што му била констатирана тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.