Татко e осомничен за полов напад врз неговите три деца во Битола. Како што соопшти обвинителството, станува збор за 58-годишен маж од Битола на кој му е одреден 30-дневен притвор.

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 58-годишниот маж кој е осомничен дека сторил три продолжени кривични дела – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

– Осомничениот, повеќе пати во текот на 2019 година, во семејниот дом во Битола извршил други полови дејствија врз неговите три деца, кои биле на возраст од 13, 8 и 6 години. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и на лицето му определи притвор во траење до 30 дена – соопшти Обвинителството.