Татко и син се пронајдени мртви застрелани со огнено оружје во атарот на село Слупчане синоќа во 22. 40 часот, соопшти МВР.

Полициски службеници од Полициското одделение Матејче во атар село Слупчане, на место викано „Слупчански бунар“, пронашле патничко возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки во кое билe две лица без знаци на живот.

Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово излегле на местото и било констатирано дека непознат сторител со огнено оружје пукал во Е.С.(47) и неговиот деветгодишен син, двајцата од село Опае.

По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.