Шеест и едногодишен маж извршил обљуба врз неговото малолетно дете.

Како што информираат од полицијата, станува збор за жител на Холандија, со привремен престој во Битола.

– На 5 мај во 10.30 часот во СВР Битола, жена од Битола пријавила дека на 7 април нејзиниот сопруг Н.С.(61) од Холандија, со привремен престој во Битола извршил обљуба врз нивното малолетно дете – информираат од МВР.

По насоки на јавниот обвинител пријавениот е лишен од слобода и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.