Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци, бидејќи со умисла го повредил попот Виктор Стојчев на 7 јануари, Божиќ, 2017 година. Одбраната има право на жалба до Апелациониот суд. Јовановски не дојде да ја чуе пресудата.

Според обвинението, Миле Јовановски го нападнал попот Виктор Стојчев. Расправијата за паркинг почнала кога попот се обидел да го паркира џипот но не можел да влезе во дворот бидејќи возилото на Јовановски било паркирано пред влезот.

 Јовановски првин почнал да го удира попот со тупаници, а потоа продолжил да го удира и надвор од возилото. Тој тврдеше дека бил испровоциран од попот.

Стојчев ќе бара отштета од Јовановски во граѓанска парница.