Владимир Талески

На отворена седница на Апелациониот суд во Скопје беа разгледувани жалбите на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, и секретарот на општината, Слободан Бончановски, на изречните мерки на Кривичниот суд за куќен притвор.

Талески и Бончановски, кои со неправосилна пресуда во случајот „Транспортер“ се осудени на осум, односно на шест и пол  години затвор, бараат до правислноста на пресудата да се бранат од слобода.

Имено, по изрекувањето на првостепените пресуди на барање на Обвинителството, судијката Добрила Кацарска на Талески и Бончановски им изрече мерка куќен притвор.
Оттогаш тие веќе неколку месеци се во куќен притвор и битолската полиција два пати денот ги проверува дали ја почитуваат изречената мерка.

На седницата на Апелацииниот суд, дел од осудените лица во случајот „Транспортер“ побараа враќање на пасошите, кои им се одземени со решение на судијката Кацарска.

Останатите обвинети добија затворски казни во траење од две и пол до три и пол години затвор, а дел добија условни казни. На обвинетите им се судеше за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превозот на ученици во Битола.

На ваквите пресуди се жалеа сите обвинети, кои бараа ослободителни пресуди, а жалба поднесе и Обвинителството кое побара првообвинетите Талески и Бончановски да добијат повисоки казни затвор, како и золемување на казните побара и за останатите
осудени лица.

Обвинителството се жали и на изреченеите пресуди со кои директорите на училиштата беа осудени на условни казни затвор. Обвинителството и за нив бара ефективни казни затвор. М.М.