Фото: Архива

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, и уште неколку поранешни пратеници, треба да сведочат за предметот „Организаторите на 27 април“, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје.  Тие се предложени за сведоци од одбраната на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој е обвинет во случајот.

Покрај Џафери, денеска е предвидено да сведочат и уште неколку пратеници од минатиот состав, меѓу кои се Бранко Манојловски, Борис Змејковски, Драган Цуклев, Павлинче Честојнова, Нада Ципушева и Зоран Ѓорѓиевски. Ова ќе биде трета група пратеници што треба да сведочат.

Покрај Вељаноски, обвинети се и поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кои се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Во истрагата на Обвинителството осомничени беа и поранешниот премиерот Никола Груевски и поранешниот разузнавачот Никола Бошкоски, но постапката за нив е запрена бидејќи се во бегство.