Повеќе од 20 часа се трага по момчето кое вчера исчезна во Преспанското Езеро.

Како што информираа од полицијата, станува збор за 16-годишно момче од Ресен, а инцидентот се случил во туристичката населба Претор.

Момчето било со уште двајца негови другари на педалинка која се превртела. Двајцата успеале да се извлечат од под подалинката, но 16-годишникот не успеал да исплива на површината.

Езерото го пребаруваат нуркачи, а попладнево се приклучи и специјална единица на МВР.