Фото: Маја Јаневска-Илиева

Специјалната обвинителка Катица Јанева се очекува денеска да го презентира извештајот пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. 

Во шестмесечниот период од септември 2017 до март годинава, Специјалното јавно обвинителство завело 136 предистражни постапки, отворило седум нови истражни постапки, а целосно се одобрени 15 обвиненија. 

– Во текот на извештајниот период беа преземени голем број на дејствија во рамки на отворените предистрачни постапки што се однесуваат на незаконското следење на комуникациите, како и незаконитости во врска со финансирањето на медиумите, злоупотреби при јавните набавки, перење пари, разни коруптивни дејствија…., се наведува во извештајот.  

Освен извештајот на СЈО, Комисијата ќе ги разгледува и годишните извештаи на Народниот правобранител, на Дирекцијата за заштита на лични податоци, како и на Агенцијата за администрација.