Специјалното јавно обвинителство(СЈО) предлага и на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков да му биде определен домашен притвор, за што веќе испратило предлог до Кривичниот суд.

Денеска, според одлуката на Апелација, од Шутка во домашен притвор треба да бидат префрлени и Кирил Божиновски и Миле Јанакиески обвинети во предметот на СЈО, Титаник 1, но и Зорица Арсовска и Ненад Јосифовиќ осомничени во Империја.

Вчера во домашен притвор беа префрлени и бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделески. За сите СЈО ја предложи оваа поблага мерка.