Фото: Дарко Андоновски

Откако повеќе месеци документацијата на Општината Битола беше предмет на анализа на надлежните органи, кога буквално целокупната документација на општината е пренесена во СЈО или во јавното обвинителство, нови случувања ја разбрануваа јавноста.

Имено, според информациите до кои дојде „Нова Македонија“, СЈО почнало да ја „чешла“ и документацијата на битолските јавни претпријатија.

Нашите извори велат дека СЈО и инспекторите се практично влезени во сите јавни комунални претпријатија во Битола и вршат ревизија на нивното материјално и финансиско работење.

До ваквата „ненајавена“ контрола на претпријатијата наводно дошло, откако најголемиот број од Надзорните одбори на претпријатијата одбија да ги прифатат завршните сметки, а за нив позитивно не се произнесоа ни советниците на Советот на Битола.

И покрај нашите инсистирања да добиеме информации кои претпријатија и за какви наводни злоупотреби и малверзации се испитуваат, за жал не добивме одговор.

M.M.