Фото: Маја Јаневска-Илиева

Обвинители на Специјалното јавно обвинителство, како што потврдија оттаму, денеска се влезени во фирми на повеќе лица, меѓу кои и на бизнисменот Орце Камчев. Повеќе детали околу претресот се очекуваат во текот на денот.

Камчев пред две години беше повикан на распит во СЈО, но од Обвинителството тогаш не кажа во кое својство и за кој случај е повикан.