Предлогот предметите од СЈО да бидат префрлени во Јавното обвинителство е на разгледување и нее донесена конечна одлука од страна на Обвинителството.

Разрешената специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, од Истражниот затвор во Шутка завчера испрати телеграма до СЈО во која се наведува дека дава полномошно тимот обинители да ги предадат предметите во Јавното обвинителство.

Предлогот за предавање на предметите се однесува на оние предмети кои се во предистрага, истрага и оние кои се наоѓаат во судска постапка.

Предлогот го доби и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој треба да доднесе одлука во рок од три дена дали овие предмети со законски издржани мерки можат да му припаднат на Јавното обвинителство.

Доколку Јовески го прифати предлогот, предметите кои се во судска постапка нема да бидат вратени на почеток, туку ќе продолжат, но со нов обвинител.