Зоран Милевски – Кичеец нема предвреме да излезе од затвор. Кривичниот суд му го одби барањето за условен отпуст, кој го бараше по одлежани две третини од казната.

– Постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга – Отворено одделение, за условен отпуст на З.М. правосилно осуден во предметот на овој суд со КОК бр. 131/19 во јавноста познат како „Рекет“, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, по одржана седница на совет на 12.11.2021, донесе решение со кое предлогот се одбива. Решението во текот на денешниот ден е експедирано до странките во постапката кои имаат право на жалба во рок од 8 дена, преку овој суд до Апелациониот суд Скопје – се вели во соопштението од Кривичниот суд.

Кичеец беше осуден на три години затворска казна откако призна вина во случајот „Рекет“.