Обвинителката Вилма Русковска реагираше во судницата кога Бојан Јовановски се претстави како прокурист на 1ТВ поставувајќи му прашање на сведокот Христијан Баневски кој е поранешен вработен во таа фирма.

– Судија, кажете му дека тој не е ниту прокурист, ниту вработен, туку невработен – рече Русковска.

Јовановски и во натамошниот тек додека ги поставуваше прашањата, продолжи да се претставува како одговорно лице, односно прокурист.

– Кога беа пуштени во домашен притвор осомничените во „Империја“, ние не смеевме ништо да објавиме – рече поранешниот вработениот во 1ТВ, Христијан Баневски запрашан од Јовановски каква била атмосферата во телевизијата.

Судијката го прекори Јовановски затоа што ги става рацете во џеб и го прекинува сведокот.