На крстосницата од регионалниот пат Градско – Прилеп вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.С.(49) од Скопје и товарно моторно возило „Сканиа“ со прилепски регистарски ознаки управувано од В.Б.(34) од Прилеп.

Со тешки телесни повреди се здобил совозачот на патничкото моторно возило Р.М., а возачот се здобил со телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.