Барањето на обвинителот Бурем Рустеми за одвојување на постапката во случајот „ТНТ“ и да продолжи судењето за Елизабета Најдовска, Миле Јанакиевски и Никола Груевски, а во друга постапка да им се суди на Тони Трајковски, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриевска беше одбиено од судот.

– Немам причини да ви образложувам. Нема можност да продолжи рочиштето, бидејќи е отсутен Тони Трајковски. Тоа ќе продолжи на 17 јануари. Дали на тој датум ќе продолжам со оваа поротничка или не, ќе видиме – рече судијата Огнен Ставрев.

Миле Јанакиевски по одлуката на судот рече „Судија да ви се заблагодарам”.

Адвокатот на Тони Трајковски пак, побара рочиштето да се одржи три дена по закажаниот термин на 17 јануари, но судот одби.

– Судија, кум сум на крстот во Маврово – образложи адвокатот Јовица Страшевски.

Адвокатите го спореа предлогот на обвинителот Бурим Рустеми кој го побара раздвојувањето, а истовремено, пречка да продолжи судењето, според нив е и возраста на судијката поротничка која треба да биде пензионирана.

– Од утре ќе поднесувам поднесоци за сите прекршувања, па да видиме кој го знае законот, а кој не. Кој опструира и зошто се одложува – рече адвоктот Дончо Наков по што Рустеми праша дали ова да го сфатат како закана, на што Наков одговори да го сфатат како ветување.

Составот на советот, според адвокатот Наков не е прописно составен. Тој смета дека одложувањето

– Кога госпоѓиве судии поротници наполниле 60 години, тој факт треба да го констатира Џолев. И многу е страшно што ја обвинувате одбраната за одложување на судењата. Најмногу одложувања има поради апсењата на Катица Јанева, отсуство на судскиот совет. Вие барате да се раздвои постапката не само за еден обвинет, туку и за моите штитеници. Имате правен проблем. Може да мрдате со главата колку сакате – му рече Наков на Рустеми.


Рустеми: Очекувам судењето за „ТНТ“ да почне од почеток

Обвинителот Бурим Рустеми кој го застапува предметот „ТНТ“ за рушење на „Космос“, по денешното одложување на рочиштето рече дека очекува судењето да почне од почеток поради истек на мандатот на поротничката.

– Беше одбиен мојот предлог за одвојување на постапката, а јас сметам дека е погрешна одлука на судот. Сметам дека имаше простор да се раздвои постапката и имаше основни услови да се заврши предметот кој е во завршна фаза. Ја почитуваме одлуката на судот и најверојатно ќе се започне постапката од почеток и ќе трае определен временски период – рече Рустеми.

Според него, не постои можност да застарат делата за кои се товарат шестте обвинети.

– Не постои можност да застарат делата бидејќи обинетите се товарат за потешки кривични дела. Таква околност не постои во овој предмет. Само евентуално одолговлекување на постапката на подолг временски период – рече Рустеми.

Обвинителот очекува до 17 јануари кога треба да се одржи следното рочиште да има одлука за поротничката.