Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на регионалниот пат Скопје-Велес кај село Арачиново, кога автомобил се судрил со камион.

Од МВР информираат дека сообраќајна незгода се случила помеѓу патничко моторно возило “Сеат Толедо“ со скопски регистерски таблици управувано од Љ.Р.(35) од с.Арачиново-скопско и товарно моторно возило „Ман“ со скопски регистерски таблици управувано од А.С.(36) од село Грушино-скопско.

По незгодата Љ.Р. со друго возило бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.