При судир на автобус и автомобил вчера во Скопје две лица биле повредени, од кои едно потешко.

-На крстосницата од улицата „Кузман Шапкарев“ со улицата „Борис Сарафов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „Јутонг“ со скопски регистерски таблици управуван од Г.Н.(47) од Скопје и патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблици управувано од Р.Р.(42) од село Колари-кичевско-информираат од МВР.

Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото М.Ј.(40) од село Зајас-кичевско, а со телесни повреди се здобил возачот Р.Р. на кои им била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на настанот излегле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на расчистување на случајот.