Тешка сообраќајна несреќа меѓу автобус и камион се случи денеска околу 13:20 часот на патот Велес-Штип кај селото Мамутчево. Во сообраќајката има повредени повеќе лица, информираат за МИА од МВР.

Лицата кои се повредени се пренесуваат во болницата во Велес.

Увидот сė уште е во тек.

Поради сообраќајна незгода, од 13:15 часот попладнево сообраќајот на патот Велес – Штип е во прекин, информираат од АМСМ.