Припадници на одделот за криминалистичка полиција при ОВР Струга попладнево, околу 17 часот, запреле автомобил „голф“ и го уапсиле 23-годишниот дилер Р. К. од Либразд, Албанија.

Како што информираат од МВР, кај него биле пронајдени 50-ина грама кокаин.

Дилерот е приведен и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава до надлежното обвинителство.