Фото: Илустрација

Сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ѓ. (23) од село Мокрино и патничко возило „ауди А5“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од Т.С. (34) од село Раборци, се случила утрово на крстосница од бул. Ленинова и бул. Маршал Тито во Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.П.(21) од Струмица, сопатник во возилото „ауди“, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.