Полициски службеник заврши во болница откако се обидел да легитимира стружанец кој направил сообраќаен прекршок.

Настанот се случил на улицата „П.бригади“ во Струга, кога полицискиот службеник при вршење работа од безбедноста сопрел возило управувано од К.И.(49) од селото Октиси, струшко, поради сторен сообраќаен прекршок. При обид за легитимирање на возачот, истиот одбил, го стартувал возилото и со возилото го удрил полицискиот службеник по што го напуштил местото на настанот.

Полицискиот службеник е пренесен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот.