Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Џ.И. (62) од струшкото село Октиси.

Тој, на 19.07.2020 во 16.50 часот, во дебарското село Џепиште, при семејна веселба во куќа сопственост на Е.Е. од истото село, испукал 7 куршуми од пиштол „застава М-57“ калибар 7.62 мм, кој го поседувал со дозвола.