Синоќа во 19,00 часот, било пријавено дека во Општата болница во Струга, со повреди бил донесен И.И.(40) од струшкото село Велешта. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и  било констатирано  дека тој, на авто-плац кај селото Долна Белица, бил физички нападнат од Г.О. и А.О. од с.Велешта. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информира полицијата.