Четириесет и тригодишен стружанец позитивен на ковид-19 отишол во обложувачница каде што со остар предмет го нападнал тамошниот вработен, соопшти СВР Охрид.

Тој ќе добие кривична пријава поради прекршување на решението за задолжителна изолација и за напад.

Инцидентот се случил на 27 септември.