Старица од Скопје била измамена од лажен продавач на дрва. Вчера во 17.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје В.С.(71) пријавила дека истиот ден околу 15 часот на улица „Алексо Демниевски“ од страна на непознато лице ѝ била извршена измама за износ од 8. 000 денари.

Додека седела во својата куќа, дошло лицето нудејќи и за продажба три кубни метри огревни дрва за цена од 8. 000 денари.

В.С. му ги дала парите, а тој ѝ кажал дека за кратко време ќе ѝ ги донесе дрвата во дворот по што си заминал и не се вратил. Се работи на целосно расчистување на случајот.