Фото: Макфакс

Додека не заврши ДНК-анализата не може да се утврди точниот број на настрадани лица, вели директорот на Институтот за судска медицина Александар Станков во изјава за МИА, додавајќи дека дека на местото на автобуската несреќа во Бугарија се пронајдени 44 тела и остатоци од тела, коишто ќе се поврзат со ДНК-анализата.

– Направени се 44 обдукции, но увидени се и остатоци од тела коишто ќе се поврзат со ДНК-анализата. Треба да почекаме да се испитаат овие остатоци и тогаш точно ќе видиме колку лица биле настрадани – посочи Станков за МИА.

Тој потврди дека извештаите од македонските лекари од судска медицина ќе бидат предадени на бугарските власти, по нивното комплетирање.