Поранешната директорка на Медиа принт Македонија (МПМ) Јана Станисављева и управителот Срѓан Керим денеска беа на распит во Специјалното јавно обвинителство во својство на осомничени лица во рамки на истрагата што ја води ова Обвинителство откако предметот го презеде од Основното јавно обвинителство Скопје, потврдија за МИА од СЈО.

Кривична пријава против Станисављева и Керим поднесоа поранешните вработени од „Медиа Принт Македонија“.

Станисављева и Керим, како што велат  од СЈО, се повикани на распит во својство на осомничени лица за лажен стечај на МПМ, за злоупотреба на службена положба, како и за злоупотреби на средства на доверители во износ од неколку милиони евра.

Во рамки на компанија МПМ беа дневните весници „Вест“, „Дневник“ и „Утрински“ и магазинот „Теа Модерна“.