Фото: Архива

Двајца српски државјани синоќа биле приведени од македонската полиција кај наплатната рампа „Смоквица“ откако во нивното возило биле пронајдени девет мигранти.

– Синоќа во 21.30 часот, кај наплатната рампа Смоквица, службеници од Полициската станица за граничен надзор и Граничен премин „Богородица“ ги лишиле од слобода Ф.Д.(19), кој управувал патничко возило „опел вектра”, со штипски регистарски ознаки и 16-годишен совозач, двајцата државјани на Србија, бидејќи при контрола во возилото биле пронајдени 9 лица мигранти. Од нив, шестмина биле кубански, а тројца индиски државјани – информираше МВР.

По приведувањето, за случајот е известен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во Транзитниот центар „Винојуг” Гевгелија за понатамошна постапка.