Исчезнатиот навивач на Глазгов Ренџерс кој престојуваше во Скопје да го бодри својот клуб, е на пат за дома.

„Имаме новост. Џејмс успеа да не контактира и сега е на пат за дома. Ви благодариме на сите за помошта“, напиша Конор на својот Фејбук профил.

Да потсетиме, токму Конор беше момчето кое ја „крена на нозе“ цела Шкотска со статусот во кој бара помош за својот брат.

Неговиот брат наводно останал без батерија на својот мобилен телефон и го испуштил летот со кој требало да се вратат назад.