Србија е подготвена да ги испрати своите хеликоптери за гасење пожари доколку Скопје процени дека тоа е потребно, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Ние веќе донесовме одлука и се согласивме нашите хеликоптери да помогнат во гаснењето на пожарите, бидејќи можат да носат 1.200 литри вода, доколку има потреба да му се помогне на Скопје. Се надевам дека сега ситуацијата е многу подобра – истакна Вучиќ по посетата на завршните работи за реконструкција и изградба на Клиничкиот центар на Србија во Белград.