Во акција на српската полиција беше уапсено едно шеесет и двегодишно лице, кое било осомничено за шверц на околу 110 илјади литри нафта од Романија. Тој бил осомничен дека во изминатиот период се занимавал со пренесување гориво евродизел од територијата на Романија на територијата на Србија, избегнувајќи ги царинскиот надзор и контрола.
Лицето го реализирало шверцот со помош на брод, а заплената е со проценета вредност од околу 20 милиони српски динари. За овој случај е осомничено уште едно лице, но српската полиција сѐ уште трага по него.