Полициски службеници на граничниот премин Табановце, вчера во 8 часот на влез во земјава го привеле Н.Ж (39), државјанин на Република Србија и С.Е.(42) и С.Х.(40), двајцата државјани на Турција поради нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, на која и претходела расправија околу случена сообраќајна незгода.

Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.