Финансиската полиција од утрово спроведува акција во скопското село Љуботен, каде со помош на припадници на МВР се врши претрес во куќите. Акцијата почнала од пет часот утрово, а неофицијално, истата е поврзана со нелегално производство на тутун во селото.

Жителите на селото се исплашиле од акцијата и се вознемирени, правдајќи се дека тутунот им бил единствен начин за егзистенција.

Во текот на акцијата жителите револтирани го изнесоа тутунот на улиците, велејќи дека ако можеле да имаат друга работа, нема да преработувале тутун.