Полицијата приведе 41-годишен жител на скопско Бардовци, кој бил затекнат додека вршел кражба во автомобил.

Утринава во 4:30 часот во кругот на Педагошки факултет Скопје полициски службеници од Полициската станица Карпош го привеле A.Б.(41) од с.Бардовци, Скопско, поради сомнение за кривично дело тешка кражба.

Според информациите на МВР, околу 3:45 часот на ул. Дрезденска полициски службеници го забележале при извршување тешки кражби од патнички возила. Тој бил приведен во полициска станица и му биле одземени украдените предмети. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.