Шпекулациите за туби со бензин кои кружат во јавноста само штетат и не ѝ помагаат на истрагата, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во изјава за бугарската БТВ.

Спасовски додаде дека останува истрагата да ги утврди сите факти и дека најрелеватните податоци во врска со несреќата треба да дојдат од државните органи на Бугарија.

– Треба да ја утврдиме причината за сообраќајната незгода, дали е од човечки фактор или е некаков технички пропуст на возилото – изјави Спасовски.

Министерот посочи дека Царинската управа вчера преземала активности во однос на расчистување на постапките, при што двајца цариници се суспендирани, а за раководителот е спроведена дисциплинска одговорност.