Никола Груевски ќе носи одговорност за се што и има направено на оваа држава. Се има почеток и крај. И бегството и азилот се што започнало има крај, и на крај ќе излезе пред лицето на правдата, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при синоќешното гостување во „Клик плус“ на ТВ21, одговарајќи на прашањето за истекот на политичкиот азил на поранешниот премиер кој е во бегство во Унгарија.

– Јас кажав неколку пати до сега. Тој ќе носи одговорност за се што и има направено на оваа држава. Се има почеток и крај. И бегството и азилот се што започнало има крај, и на крај ќе излезе пред лицето на правдата – категоричен е Спасовски.

Министерот додаде дека во септември мината година била отворена посебна оперативна акција која се занимава исклучиво на пронаоѓање на бегалци, како и дека биле пронајдени 400 бегалци, од кои пет приоритетни.