Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека е добро тоа што полицијата веднаш постапи по објавеното видео со „бентли“ кое вози на плоштадот меѓу новогодишната декорација, но според него казната од 45 евра не е доволна.

– Имаме такви неодговорни граѓани кои се однесуваат најблаго речено бахато во едни такви услови да се движат по плоштад и тротоари да паркираат кај ќе им текне – рече Спасовски.

Спасовски вели дека треба да се размислува за измени во Законот со што казните за вакви активности би биле подрастични и би ги одвраќале сторителите.