Регионалниот центар за управување со кризи Тетово денеска во 18.30 часот на повик од чешки планинар на Шар Планина, во реонот на месноста Лешница, организираше акција за спасување на повреден планинар и за пронаоѓање на група од седум планинари од Чешка којашто се изгубила во природата на планината. Целата комуникација, се до нивното проаоѓање и згрижување на повредениот (со скршеница на рака) се остварувала до 20.25 часот, информира ЦУК.

– РЦУК Тетово, заедно со субјектите од Системот за управување со кризи (СУК) коишто во моментот можеле брзо да реагираат, биле во постојана комуникација со планинарите на англиски јазик и се координирале за да ги искористат сите можности за да се спасат планинарите заедно со повредениот, пред настапот на ноќта. Активностите се одвивале паралелно од повеќе субјекти. Додека дел од припадниците, конкретно пожарникарите на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Тетово и полицајците на СВР Тетотво, кои први – веднаш при првиот контакт, тргнале да ги бараат планинарите на непристапниот дел од планинскот регион, возилото од Брзата помош од Тетово, со помош на другите субјекти и РЦУК Тетово (по определување на координатите на теренот согласно и според последните јавувања на изгубените планинари) се доближило на можната најблиска точка за средба за да се згрижи повредениот планинар до непристапниот терен, согласно проодноста на планинските патишта. На задоволство на сите ангажирани од РЦУК Тетово и СУК, планинарите се пронајдени, извлечени од планината, а повредениот планинар, со скршеници на раката, е згрижен – се вели во соопштението на ЦУК.

Во вакви случаи на брзо спасување во теренски услови е добредојдено и големато искуство на припадниците СУК, како што е во овој случај на ова спасување на планинарите.

Ваквите случки не потсетуваат дека секоја прошетка во планина има потреба да се сфати сериозно и во поглед на внимавање и за организација и план за безбедно враќање од страна на организаторите, а ако нешто несакано се случи, секако и да се има сериозни капацитети за барање и спасување во планински услови на дејство на СУК во сите годишни времиња. Токму во тој правец и Центарот за управување со кризи (ЦУК), со своите активности, од почетокот на годинава покажа на можен правец и за искористување и анимирање и на силите на невладините организации во поглед на спасувачки акции во планински услови во сите годишни времиња, особено при лоши временски и теренски услови. Оваа случка има среќен крај, но ја покажува сета сериозност со којашто е потребно општеството да пристапи во системски трајни одговори за вакви и слични кризни ситуции, согласно и современите текови во кризниот менаџмент, нагласуваат од ЦУК.